Ковид19 Свет

Промени на правилата за влез во Грција

Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, на денешниот состанок, како што соопшти заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, едногласно, одлучила да се воведат одредени промени поврзани со туризмот и начинот на влез во земјата.

Како што објасни Хардаљас, за земјите од зелената листа дозволен ќе биде влез со рапид (брз) тест наместо со ПЦР, а за децата под 12 години, нема да биде потребен тест.  За оние од портокаловата и црвената категорија, правилото останува непроменето, односно задолжителен е тест за сите со наполнети шест години.

Од останатите трети земји дозволен ќе биде влез во земјата според обележувањето на секоја земја во зелена, портокалова и црвена боја. За зелените земји важат постоечките правила. За портокаловите земји дозволен е влез на лица кои се вакцинирани, со вакцините признати од нашата земја и откако направиле ПЦР тест 72 часа пред нивното заминување. Исклучени од оваа одредба се граѓаните од земјите кои се наоѓаат на црвената листа и за кои продолжува да важи одредбата за карантин од седум дена, рече Хардаљас.

Дополнителни детали и појаснувања околу земјите ќе бидат соопштени од Министерството за туризам на Грција.

Во однос на мерките во Грција, Хардаљас соопшти дека  за да се избегнат редиците пред продавниците, од сабота, во внатрешноста, ќе биде дозволено по едно лице на 16 метри квадратни, а не на 25 како што беше досега, ќе се отворат игротеките, но само на отворено, а одново ќе бидат отворени и луна парковите.

Од 1 јули, ќе почнат да работат и кино салите со 50 отсто од капацитетот, а за посетителите задолжителен ќе биде или негативен селф тест или сертификат за вакцинација.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција соопшти дека надлежната комисија одлучила, вакцинираните да можат да вежбаат без маска во фитнес центрите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе