Во продавница во центарот на Белград утринава, непосредно пред 9 часот, дојде до експлозија, а потоа и до пожар.
Од српското Министерство за внатрешни работи за РТС потврдија дека пет лица се повредени од експлозија на плинска боца, од кои, според медиумите едно лице се здобило со поешки повреди.
искршени се прозорците во околните згради.
На терен се излезена четири противпожарни екипи со 17 пожарникари.
Сите повредени се пренесени во Ургентниот центар и медицински се згрижени.
Како што изјавија очевидци, експлозијата била толку силна што помислиле дека нешто се урнало.