Најважни Свет

Данските разузнавачи ѝ помагале на американската НСА да шпионира европски политичари

Данскиот јавен радиодифузер „Данско радио“ соопшти дека американската Национална агенција за безбедност прислушкувала дански набљудувачки интернет кабли за да шпионира политичари и високо позицонирани функционери во Германија, Шведска, Норвешка и Франција.

Информацијата е дека НСА ова го направила преку искористување на надзорната соработка со данската воена разузнавачка служба – ФЕ.

Данското Министерство за одбрана засега не одговори на барањата на медиумите за коментар за овој шпионски скандал што пред неколку години сериозно ги разниша односиоте меѓу САД и Германија.

Данската министерка за одбрана, Трине Брамсен, која на функцијата е од јуни 2019 година, за шпионираењето била информирана во август 2020 година, наведува Данското традио. Таа за ДР изјави дека „систематското прислушување на блиските сојузници е неприфатливо“.

Нејасно е дали Данска ги овластила САД да го користат својот систем за набљудување за да ги шпионираат своите соседи.

ДР ги обелодени информациите по истрагата спроведена заедно со шведската телевизија СВТ, норвешкиот НРК, германскиот НДР, „ВДР Зидојче Цајтунг“ и францускиот весник „Ле Монд“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, тогашниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и тогашниот опозициски лидер Пјер Штајнбрук се меѓу политичарите кои биле шпионирани од САД.

Шпионажата била детално опишана во таен внатрешен извештај на работната група на ФЕ со кодно име „Операција Данхамер“ и бил презентиран пред високиот менаџмент на ФЕ во мај 2015 година, тврди Данското радио.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

(Видео) Мицкоски најавува наскоро номинирање имиња за нови министри, Касами тврди засега нема преговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе