21 тркачи ги загубија животите откако маратонската трка во која учествувале била зафатена од екстремни временски услови.
Силен ветер, град и леден дожд удриле по луѓе во ултрамаратонот од 100 км по текот на жолтата река, туристичка локација во провинцијата Гансу. Трката била запрена откако дел од 172-цата учесници исчезнале и започнала голема спасувачка операција.
151 учесници на трката била спасени а 8-мина од нив се повредени.
Преживеаните учесници изјавија дека временската прогноза најавила ветер и дожд но ништо ниту приближно екстремно како невремето кое следувало.
3 часа по почетокот на трката започнале градот и ледениот дожд, што довело до драстичен пад на температурите. Дел од луѓето изгубиле контакт со трасата, заради лошата видливост.
Повеќе од 1200 спасувачи учествувале во спасувачката операција со дронови и радари, според кинеските медиуми.
Трагедија предизвика бес на кинеските социјални медиуми и луѓето прашуваат зошто организаторите и властите во градот Баиџин не биле подготвени побргу да реагираат и ги спасат човечките животи.