Свет

13 загинати во несреќен случај на жицница во северна Италија

Најмалку 13 луѓе ги загубија животите откако кабината со која се превезувале на жицарница се урнала на планината во близина на езерото Маџоре во северна Италија, потврдија спасувачките служби.

Трагичниот настан се случил на жицарницат со која се превезуваат патници од гратчето Стреса до блиската планина Мотароне во регионот Пиемонт.

Спасувачите потврдија дека две дечиња , на возраст од 5 и 9 години, биле пренесени со хеликоптер до болница во Торино.

Истовремено, се предупредува дека бројот на загинати во несреќниот случај може дополнително да се зголеми.

Причината за урнувањето на кабината засега не е позната, туку само дека тоа се случило на околу 300 метри од врвот на планината.

Жичарата започнала со работа 1970-тата година а од 2014-тата до 2016-тата не работела, заради проверките на техничката исправност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе