Свет

Ерупцијата на вулканот Нијаргонго предизвика масовна евакуација во градот Гома во Конго

Илјадници луѓе во паника ги евакуирале своите домови во демократска република Конго минатата ноќ, по масовната вулканска ерупција.

Црвеното небо и реките лава кои се слеваа низ вулканот Нијаргонго ги разбудија стравувањата од повторување на смртоносните трагедии од минатото.

Жителите на градот Гома, кој има околу 2 милиони жители, ги напуштиле своите домови. На крајот, трагедијата беше избегната и најголем дел градот ги избегна потенцијалните уништувања и дел од луѓето веќе се вратија во своите домови.

Вулканот, лоциран 10-тина километри од Гома, последен пат еруптирал во 2002-та година, кога животот го загубиле 250 луѓе а 120 илјади ги загубиле своите домови.

Засега нема информации за жртви во текот на минатата ноќ и нема информации за бројот на оштетени или уништени куќи.

Според експертите, трагедијата била избегната откако поголемо количество на лавата се упатило кон блиската шума и подалеку од градот. За среќа, врелата лава не стигнала до меѓународниот аеродром во Гома , иако првично беше најавено дека тоа секако ќе се случи.

Вулканот Нијаргонго е меѓу најактивните вулкани во светот и последните месеци се зголемуваа инофрмациите дека неговата активност не се следи соодветно од опсерваторијата задолежната за тоа, откако Светската Банка, го прекинала финансирањето заради обвинувањата за корупција.

Во последниот извештај на опсерваторијата од 10-ти мај, се предупредува дека сеизмичката активност на Нијаргонго се зголемува.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Зеленски: Русија продолжува со нападите пред очекуваните разговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе