Економија Најважни

Народна банка: Инфлацијата ќе расте

Животот на граѓаните годинава ќе биде поскап. Цените на храната и енергенсите уште ќе одат нагоре. Народната банка ја ревидираше проекцијата и наместо 1,5 проценти како што предвиде во октомври, инфлацијата годинава ќе биде 2,2 проценти.

Гувернерката Бежоска смирува дека растот ќе биде привремен. Вели будно ја следат состојбата, а Централната банка има доволно инстументи да интервенира.

“Ако зборуваме за тоа кои компоненти би притискале за овој ценовен раст, секако тука влегува храната, тоа е една од најглавните компоненти, во линија со очекуваниот раст на храната на светските берзи, а ние сме увозници, нето-увозник на храна во основа и втората компонента е енергијата. Веќе споменав дека се очекува голем раст на цените на енергенсите особено за нафтата. Кај нас ако ја гледаме структурата на инфлацискиот индекс од штосе состои тој, ќе се види дека на храната и на енергијата отпаѓа отприлика одколу 50 проценти. Значи промените во овие два сегменти значајно можат да влијаат на ценовната динамика” – Анита Ангеловска Бежоска, Гувернер на НБРМ.

Јавниот долг, кој веќе ја надмина психолошката граница од 60% од БДП, според прокециите  годинава ќе порасне за  2,5 проценти. Бежоска со порака – надлежните внимателно да ги трошат народните пари.

“Според стратегијата на Министертвото за финансии планирано е зголемување на јавниот долг з аоколу 2,5 процентни поени од БДП и понатаму на среден рок постепено стабилизирање и сведување до 60 проценти. Значи нема дилема потребни се прудентни претпазливи политики секако надминувањето на оваа граница бара големо внимание”- рече Бежоска.

Економијата нема да закрепне годинава – БДП ќе порасне за 3,9 проценти – а економијата ќе се врати на предкризното ниво во 2022 година.

Очекувањата се дека ќе го движи домашната побарувачка, додека нето-извозот ќе биде во негатива.

Но, според алтернативното сценарио  на централната банка, доколку пандемијата продолжи се очекува пад на странската побарувачка, странските директни инвестиции и повторно пак дознаките од нашите иселеници.

Тоа ќе го намали БДП за 1 процентен поен, и според песимистичкото сценарио годинава би ја завршиле со 2,9 проценти раст.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе