Вести Македонија

Биолошки тероризам или последна шанса за функционално Собрание

Ден по заедничкото гласање за економските мерки, власта и опозицијата ги зацврстуваат спротивставените политички па и правни позиции. Додека ВМРО ДПМНЕ бара кривична одговорност, спикерот Талат Џафери вели дека негова обврска е да обезбеди функционално Собрание и при тоа да ги искористи сите расположиви инструменти.

Меѓу нив, и протоколот подготвен од посебна работна група предводена од генералниот секретар Цветанка Иванова во јули, а дополнет во ноември минатата година. Вчерашниот потег го смета за неопходен во услови кога опозицијата одбива да ги извршува своите пратенички задачи – да присуствува на седници и на гласање.

ВМРО ДПМНЕ се чуди која е потребата од вакво покажување сила. За нив, ова се сведува на биолошки тероризам.

СДСМ не сака ова да стане пракса, но во овој случај го смета за оправдат потег поради ризикот повторно да нема кворум за гласање.

По неколку одложувања, вчера беа усвоени економските мерки за помош на граѓани и на правни лица оштетени од кризата. Гласаа и двајца пратеници од мнозинството, кои дојдоа во скафандери бидејќи се позитивни на ковид. Ваков протокол прв пат беше применет при изборот на Владата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен ја одложи подготвителната седница за Законот за јазици откако остана без судијката Дуковска

Дејан Дејан

Недостасуваат конзерватори во македонските музеи

Дејан Дејан

Земени се мерки за компресивна облека за повредените од пожарот, ни никој не кажува колку ќе чини тоа и кој ќе плати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе