Полициски час од 20 часот навечер до 5 часот наутро и затворени угостителски објекти. Постоечките рестирктивни мерки ќе останат на сила најмалку уште една недела. Ова е одлуката што утрово ја донесе Комисијата за заразни болести и која како предлог ќе ја достави до Владата која, повеќе од извесно е дека ќе ја усвои на наредната седница закажана за утре.
Според инфромациите на Телма, на состанокот, претседателот на Комисијата др Караџовски ги презентирал анализите на бројките кои се во благ пад, но не доволен и задоволителен за да се ублажат или евентуално укинат мерките. Нивото на трансмисија сеуште е високо и тоа се должи на фактот што огромен број од новите случаи се заболени од британскиот сој на Ковид – 19.
Здравствените валсти најавија дека одлуката за евентуалното продложување на мерките ќе зависи од бројките на новозаболени и пред се на хоспитализирани.
Од Главниот координативен штаб пак соопштија дека доколку продолжи трендот на опаѓање на бројките не се исклучува можноста за ублажување на рестрикциите и отварање на угостителските објекти.
Така од 27 април би се отвориле угостителските објекти, рестораните кафеаните и кафулињата и тие ќе може да примаат гости но само на летните тераси. Во затворениот дел од објектите нема да смее да има гости. Полицискиот час би се скртатил за еден час и би почнувал од 21 часот а не се исклучува можноста да се дозвозлат тренинзи на отворено бидејќи спортските сали и фитнес центрите ќе останат под клуч.
А болниците и Ковид центрите сеуште се полни и под силен притисок. Најголем дел од пациентите имаат тешка клиничка слика и се кислородна поддршка.
Во последното деноноќие во Скопје се хоспитализирани 48 пациенти а во Ковид центрите и на клиниките се лекуваат 702 лица. На инфективните одделенија во болниците во внатрешноста на државата има 961 пациент.
Според последните официјални информации од министерството за здравство вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 1.687
Комисијата треба да заседава повторно следниот понеделник кога ќе одлучува дали ќе ги продложи или ублажи рестирктивните мерки за време на Велигденските празници.
Огнен Чанчаревиќ