Македонија Најважни

Пратениците во скафандери пристигнуваат во Собранието

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании, напиша пред малку на Фејсбук пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.
„Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.
Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата. Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот“, напиша таа на ФБ.

Дали собранието ќе излезе од неколкумесечната блокада пратениците од СДСМ од кои  тројца  се во самоизолација најверијатно ќе бидат во скафандери за да се обезбеди кворум од 61 пратеник за гласање на петиот пакет антикризни мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земени се мерки за компресивна облека за повредените од пожарот – никој не кажува колку ќе чини тоа и кој ќе плати

Дејан Дејан

СДСМ бара детали за британскиот заем пред да биде ратификуван договорот

Дејан Дејан

Сиљановска уште размислува за гувернер, Мицкоски негира дека имаат различни фаворити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе