Македонија

Обвинителството ќе продолжи со истрагата за пасошите

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски вели дека обвинителството ќе ја продолжи истрагата за случајот со издавањето пасоши на странски криминалци, во јавноста познат како „Двојник“. Иако истрагата ја започна Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и веќе е поднесено обвинение, ЈО ќе ја продолжи истрагата и ако дојде до сознанија дека се работи за организирано здружение или дека сторители се повеќе лица, ќе превземе соодветна постапка.

Најпрво треба да се утврди кои лица имале допир со овие документи, кои лица можат да ги креираат овие документи, како е поставена цела таа служба, кој, какви задачи и овластувања има во таа служба, кој ја носи одговорноста за функционирањето на таа служба и дали тоа постапување било во рамките на прописите што го регулираат внатрешното работење на МВР или отстапувано е од тие процедури, вели Јовевски.

Според него, после овој предмет ќе треба да бидат направени сериозни согелдувања на целиот систем за да се спечи повторно појавување на вакви случаи.

Овој предмет, според мене отвара и една друга димензија, што претпоставувам треба да ја реши МВР, колку е безбеден тој систем, информатички што го користат, кои лица можат да пристапуваат кон овие податоци, кои лица можат да вршат корекција на овие податоци. Според мене овие податоци, или скоро сите податоци не се менливи. Матичниот број, местото на раѓање, родителите, не се променливи податоци. Единствен променлив податок е местото на живеалиште. И во тој контекст треба после овој настан да се напорават соодветни согледувања на слабостите за да не дојде до вакви случаи, вели Јовевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе