Македонија

Ќе се градат ли висококатниците кај “Холидеј ин” или ќе победи апелот на јавноста?

Ќе се градат ли висококатниците кај “Холидеј ин” или ќе победи апелот на јавноста да не се бетонизира последното слободно парче во срцето на градот?

На чекор пред истекот на рокот во кој мора или да издаде дозвола за градење или да ги врати уплатените 2,5 милиони евра за комуналии, Богдановиќ прашањето за плацевите спроти Холидеј ин  го стави на маса пред советниците на Центар.

Тој утринава се сретнал со министерот за транспорт Бочварски, но се уште  не се знае дали ќе побара суспензија на спорниот ДУП.

Бочварски пак потврди  дека не добил елаборат од Центар. Тој топката ја префрли кај Богдановиќ и чека што ќе одлучат. Кажа дека нема ингеренции и не се меша во туѓи работи.

Инвеститорот МГ Фешн вчера го презентираше идејниот проект но само за ене од плацевите каде треба да се изградат три висококатници од 16, 20 и 22 ката. Но две шеесеткатници се уште остануваат впишани во Деталниот урбанистички план кој во моментов е на важност со одлуката за поништување на мораториумот за градба на  Уставен суд.

Инвеститорот најави дека на едната парцела ќе има четиристотини станови, во трите згради ќе живеат 1200 жители и ќе има доволно зеленило.

Но, останануваат уште три  парцели. А на нив  се всушност и најголем дел од граѓаните кои имаат куќи таму.

Дел од нив денеска се изјаснија дека се за градба на висококатниците.

Велат дека иако не се на плацот на кој ќе се гради, веќе се во преговори со инвеститорот „МГ Фешн“ висококатници да се градат и на местото на нивните куќи.

29 граѓански организации, архитекти  и универзитетски професори пак побараа од премиерот Заев и останати институции да ја поддржат иницијативата за суспензија на деталните урбанистички планови како и овој каде инвеститорот веќе планира да гради.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе