Македонија

Љупчо Николовски вработува 4- ца раководители, 3- советници и тројца помлади соработници за борба против корупцијата

Тројца раководители на сектори, еден помошник, тројца советници и тројца помлади соработници.

Вака ќе изгледа подновениот тим на вицепремирот за борба против корупцијата Љупчо Николовски откако владата објави оглас за нови 10 вработувања.

Се бараат 8-ммина македонци и двајца албанци. Раководителите ќе земаат над 30 илјaди денари плата, а новајлиите 22. Но, што точно ќе работат не е наведено во огласот. Да бидат со високо образование, да знаат англиски јазик, и да имаат желба за борба против корупцијата им порача нивниот иден шеф.

Откако и самиот објави на социјалните мрежи дека очекува млади и надежни поединци да се јават на огласот Николовски се соочи со критика од стручната јавност дека овие луѓе немаат никакви истражни овластувања.

Бедем против криминалот и корупцијата остануваат јавното обвинителство, финансиската полиција, а за таа цел е избрана и комисијата за спречување корупција во парламентот.

Дали станува збор за само нови административци во владата, антикорупциска најави дека утре ќе го испорача нивниот ставот до Николовски и јавноста. Додека едниот вработува нови, другиот вицепремиер распределува вработени кои со години седеле дома според рамковниот договор.

20- тина не ги поминаа проверките за во МВР, над 600 тргнале на работа, а за дел веќе има критика дека одбиваат работни задачи во пазарниот инспекторат.

Николовски освен корупција надвор до владата ќе  лови и внатре.

Испорачан е предлогот за ограничување на лимитот на службните картички на функционерите со кои со години се плаќале високи ресторански сметки за егзотична храна, а за прекумерно трошење последен беше посочен Аријанид Хоџа министерот за земјоделство.

Македонија доби средна оценка за спроведување на само половина од препораките на телото ГРЕКО за борба прпотив корупцијата за минатата година.

Препораките со најниско ниво на усогласеност се однесуваа на парламентарците.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе