Првата доза од 10 000 вакцини Фајзер ќе пристигне на 19-ти а втората на 26-ти април.До крајот на месецов се очекуваат и 76 000 од Астра Зенека. Помошта од Ковакс системот ќе пристигне првата недела од мај.Нема информации за прецизен датум за испорака на руските и кинески вакцини.
Денеска заврши вакцинирањето на вработените од критичната инфраструктура. Од утре во салата ,, Борис Трајковски,, започнува вакцинацијата на граѓани со 73 и 74 годишна возраст.Овие лица деновиве треба да добијат термин за вакцинација доколку претходно биле пријавени. Ќе се вакцинираат со Спутник, Астра зенека и кинеските кои неодамна пристигнаа. И покрај падот на епидемиолошката крива се уште е голем притисокот врз болниците и се бара слободен кревет за хоспитализација. Се апелира на максимално почитување на заштитните мерки.министерството за здраство не ја исклучува можноста да се донесе одлука со која трошоците за ПСР тестовите кои ги прават граѓаните во приватните лабаратории да ги покрива ФЗО.Во однос на лекувањето во приватните клиники, со новиот закон за здраствена заштита кој владата го усвои на вчерашната седница предвидено е трошоците да не надминуваат сума од 5 000 евра.
Продолжувањето на рестриктивните мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката слика.Викендов и во текот на наредната недела ќе се разговара со Комисијата за заразни болести а ќе се следат и бројките на заразените и капацитетите на болниците по што ќе се донесе одлука.
Јулијана Пешевска