Македонија

Хелсиншкиот комитет се заинтересира за случајот со Солунка Алексовска

Откако Телма ја објави сторијата,  Хелсиншкиот комитет се заинтересира за болната 83 годишна Солунка Алексовска која во работните денови семејството е приморано да ја остава сама. Таа има добиено три пресуди за примање надомест и нега од друго лице кои не беа доволни да добие потврда за тоа од стручните комисии, кои до лани беа под Министерството за труд и социјална политика.

Документите за случајот со Солунка Алексовска се доставени до кај нас. Ние ќе ги разгледаме и по потреба, ќе постапиме по нив, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Солунка Алексовска е прикована за кревет повеќе од една година , откако ги скршила двата колка. Во медицинското досие стои дека боледува и од остеопороза и артритични деформитети, сколиоза на рбетот, ротација на пршлените и други заболувања . Дека има потреба од надоместок за нега од друго лице потврдуваат пресудите од Управниот суд од 2015, 2018 и 2020 година. Алексовска од 2014 се движела со штаки, а потоа во инвалидска количка .

Алексовска не е единствен пример. Повеќе граѓани се јавувале телефонски или упатиле преставки до Народниот правобранител дека не можат да остварат право на надоместок и нега од друго лице. Неможноста да добијат извештај што ќе го достават до центрите за социјална работа е поради зафатеноста на лекарите во пандемијата, велат од канцеларијата на Омбудсманот.

Граѓаните не можеле да достават извештај од комисијата , од причина што преку матичните лекари не можеле да ги закажат термините. Зато што во комисиите кои се утврдени согласно Законот за социјална заштита , се одржувале состаноци и средби , односно проблемот е поради постојната состојба со пандемијата и ангажманот на сите лекари во рамките на справувањето со вирусот Ковид-19, вели Драги Целевски- државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител.

Омбудсманот укажал, центрите за социјална работа да ги примаат барањата на граѓаните за надомест и нега од друго лице, со напомена за дополнителна достава на конзилиарното мислење од комисиите. А, за барање решение на проблемот известена се Владата и министерствата за труд и социјална политика и за здравство. Комисиите кои даваат наод и мислење за доделување надомест и нега од друго лице од декември 2020 се под надлежност на Министерството за здравство. Во државата има само 15 такви комисии од кои 5 во Скопје. Сумите за надомест и нега од друго лице се од 4039 до 4565 денари.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе