Во канцеларијата на Народниот правобранител стигнале повеќе преставки и телефонски јавувања од граѓани на кои Центарот за социјална работа во Скопје и подрачните единици низ државата, не им ги примале документите за остварување на правото на надоместок на помош и нега од друго лице, без наод и мислење од лекарските комисии.
Од кај Народниот правобранител велат дека проблемот е во неможноста граѓаните да добијат конзилијарно мислење поради презафатеност на лекарите во услови на пандемија. За тој проблем ја известиле Владата, но и Центарот за социјална работа, со барање да се прифаќаат документите на граѓаните без конзилијарното мислење .