Вести Македонија Најважни

Во приватните болници за ковид лекување да се плаќа од 650 до 5.000 евра

Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид- пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Државата, посочува министерот, освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку Фондот за здравствено осигурување, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид-19.

-Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид-пациенти во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, напиша Филипче.

Цените на лекување на ковид пациентите подолг период се на удар на јавноста. Во просек лечење на интензивна нега во приватните болници за 10 дена чинеше меѓу 12 и 15 илјади евра.  Пред неколку дена само проиватната Клиниката “Жан Митрев“ прифати да ги намали цените, додека приватната клиника „Систина“ одби да го направи тоа, правдајќи се со економска неисплатливост на таков потег.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе