Вести Македонија

Ако се шверцала марихуана од легални фабрики за канабис, тие ќе останат без лиценци- тврди Здравство

Од Министерството за здравство не даваат детали дали се врши контрола во двете фабрики за канабис кои беа спомнати во соопштнеието на МВР по акцијата на Плетвар и заплена на 200 килограми марихуана. Тврдат дека постапуваат по сите наредби на обвинителството.

-Во Член 29Б, став 7 од Закон за контрола на опојни дроги, е регулирана надлежноста на Комисијата за утврдување на исполнетост на условите за издавање на одобрение за одгледување на канабис. Министерството за здравство  овој пат, како и секогаш стои на располагање и постапува по насоките и наредбите на Јавното обвинителство. Доколку се констатираат неправилности МЗ ќе и предложи на Владата на фирмите да им бидат одземени лиценците, ни одговорија од Здравство.

Обвинителството пка не потврдува официјално дали марихуана потекнува од лиценцирани фабрики за канабис.

-Со оглед на сензитивноста на предметот и тајноста на истрагата, ОЈО ГОКК во моментов во интерес на постапката не може да сподели повеќе детали. Надлежниот обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расчистување на случајот и за евентуално проширување на истражната постапка и врз други инволвирани лица., одговорија од ЈОРМ.

Во петокот попладне беа уапсени 6-мина меѓу кои и началник на полициската станица во Прилеп како дел од нарко-конвојот на Плетвар. Сите се во притвор.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ смета дека виновниците се блиски на власта и прашуваат дали комбето со грчки таблички припаѓа на фирма која е поврзана со фирма на семејството на премиерот Заев.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе