Со закон ќе се намалуваат цените на здравствените услуги на правитните болници во услови на кризна или вонредна состојба, како што е сега со пандемијата на корона вирусот. Ограничувањата преточени во измени на Законот за здравствена заштита утре ќе се најдат на владина седница. Телма неофицијално дознава дека предлогот-измените се цените на приватните клиники во време на кризна или вонредна состојба да се изедначат со цените во јавно здравствените установи.
„Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на наплата на финансиски средства за времетраење на кризата или вонредна состојба а што се однесува конкретно за лекување на ковид пациенти. Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза има потреба да се користи тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе и го поднесеме предлог измена на Законот за здравствена заштита“, рече Филипче.
Не е познато дали со регулирање на цените на услугите на приватните болници за лечење на пациенти, во случајов со ковид, ќе им ограничување на цените и во услугите на приватните лаборатори. Таму на дневна основа се правата по околу 50 проценти од тестирања за ковид, но и голем дел од лабораториските испитувања на заболените или оние кои се опоравуваат од последиците на коронавирусот, а кои трошоци до сега не беа покриени од Фондот за здравствено осигурување, туку пациентите ги плаќаа приватно.
Од Министерството за здравство информираат дека утре ќе бидат познати сите детали околу измените на Законот за здравствено осигурување и што ќе опфатат тие, откако ќе го поминат владиниот филтер.
Цените на лекување на ковид пациентите подолг период се на удар на јавноста, особено откако беше прогласена кризната состојба во ноември, со што на владата и се отвори можност, доколку има потреба, да управува со капацитетите и на приватните здравствени установи, но не и да ги регулира нивните цени. Во просек лечење на интензивна нега во приватните болници за 10 дена чинеше меѓу 12 и 15 илјади евра. Под притисок на јавноста, а по состанок во министерството за здравство, пред неколку дена само проиватната Клиниката “Жан Митрев“ прифати да ги намали цените, додека приватната клиника „Систина“ одби да го направи тоа, правдајќи се со економска неисплатливост на таков потег.
Но освен за цените во приватните болници, критики во јавноста има и за цените на услугите во приватните лаборатории за третирање на ковид 19. Проблемот со чинењето на ПЦР тестовите е што во недостиг на тестови и термини за тестирање во јавноздравствените установи ФЗО не го покрива тестирањето во приватните лаборатории.
Тамара Грнчароска