Текстилството ќе отиде во амбис или ќе преживее до јуни, кое од овие две сценарија ќе се исполнат ќе зависи од политичките лидери и пратениците. Бизнис заедницата аламирира дека остануваат уште седум дена за одлуката со која ќе се спасат илјадници работни места. Недонесувањето на петтиот пакет на мерки и немање на порачки од странските партнери се причина што од минатиот понеделник над 6.000 текстилни работници се на принуден колективен одмор. Телма веќе информираше дека над 3.500 работници се токму од Штип.
Бранот на отпуштања на работници е почнат во помалите фабрики, а дека лошо им се пипшува на текстилните работници и големите компании се согласуваат и експертите. Универзитетскиот професор, Дарко Лазаров вели дека нализите покажуваат едно затворено работно место во реалниот сектор повлекува две во услужните дејности. Затоа освен петтиот пакет на мерки, потребна е и субвенционирањето на платите да продолжи до јуни, кога се очекуваат нови нарачаки од странските партнери.
Фабричките автобуси изминатите шест дена во Штип не правеа сообраќаен метеж. Инспекторите велат дека мерките се почитуваат во превозот, на останатите работници, кои продолжија со работа. Во источниот регион изминатите денови бројките на новозаразени се двоцифрени, за само за четири дена во ковид центрите починаа 15 граѓани.
Викторија Јованова