Вести Македонија Најважни

Вакцините неизвесни, намален притисок на болниците

25 годишна Битолчанка прележела Ковид, излегла од самоизолација, а од синоќа е хоспитализирана на клиниката за кардиологија. Дијагнозата емобилија на белодорбните крила ја констатитрале во клиниката за кардиолгија во Скопје откако синоќа и се слошило и е префрлена на итно барање на Битолската болница. Но, таа не е единствениот пациент на скопките клиниките за интензивна нега кои се соочиле со пост- ковид симптоми и дишат со помош на механичка вентилација. Освен тешката клиничка слика се поголем е бројот на млади пациенти откако вториот бран со британскиот сој зема замав во пандемијата.

Телефонски 1 Маја Мојсова Универзитетска Kлиника за Tрауматологија, Oртопедски болести, Aнестезија, реанимација и интензивно лекување

Последиците кај пациентите со прележан ковид се сериозни, но засега единствен лек не постои. Напорите на лекарите се пациентот што побрзо да се ослободи од машините за дишење, вели Мојсова.

67 пацинети само синоќа и само во Скопските клиники легнале во болнички кревет со тешки симпотми на Ковид. Болниците 8 – Септември и Инфекивна клиника се борат за животот на повеќе од 300 граѓани. Скопје лекува 686 пациенти, а уште 1013 со полесни симптоми се распределени во внатрешноста. Заклучокот, пак, на Министерот Филипче од изутринава е дека бранот стивнува бидејќи факторот на ширење на заразата според статиските се намалил.

„Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се  дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен.“

Додека здравствените власти се обидуваат да ја стабилизраат имунизиацијата со набавка на вакцини и отворање пункотви како одговор против пандемијата неизвесноста за испораката на вакцини од ЕУ се продлабочува.

Досега земјата од донации обезбеди околу 40- тина илајди вакцини со кои започна имунзиацијата, но не и масованата вакцинација. Додека се чекаат нови пратки на вакцини 20 тина илајди граѓани се броат со болеста, почина над 4000 граќани, а резервата на медицинска помош е сведена на 300 болнички кревети ширум земјата.

 Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Русија постави нови услови за мир

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе