Имаме цунами а не пролетен бран на тешки пациенти во штипскиот Ковид центар, вака раководството и инфектолозите ја опишаа сосотојбата. За разлика од пред неколку месеци, сега болничките кревети ги полнат млади пациенти на возраст од над 23 години, им ги носат со ниски стаурации , зависни од кислород, тешки пневомнии, со високи темпеартури и суви кашлици.
Попладнево во новата модуларна болница се сместуваат пациентите кои се во тешка состојба, бидејќи во овој објект има централен довод за кислород. Цела година болничари, сестри и тројцата инфектолози на рака ги носеа големите боци со кислород на одделението. Директорот на болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека изминатите денови дневно потрошениот кислород говори во каква страшна состојба се пациентите.
Пост ковид компликациите кај пациентите загрижуваат, се јавуваат инфаркт на срце, екстремитетите, белите дробови и мозочни удари. Ако пред пандемијата имале 30 белодробни инфаркти, во првите месеци имале по 15 до 20 месечно, но според штипскиот градоначалник, кој е и интервен кардиолог последиците сега се ублажени со терапијата.
Во штипската болница 20 отсто од болничкиот капацитет е за ковид пациентите, ангажирани се инфектолизите, анестезиолозите, специјализантите, а од утре и интернисти, кои ќе работат во објектот на Инфективното. Досега ниту еден од специјалистите од приватните ординации не се јавил да помогне при третманот на пациентите.
Викторија Јованова