Вести Македонија Најважни

Халили: Судбината на лицата без државјанство не е етнички прoблем

Работи, а не е пријавен. Ниту се лекува ниту ќе дочека пензија во земјата во која е роден. Неговата сопруга и татко имаат, а тој нема државјанство. Ова е една од многуте животни приказни за жители на земјата кои заглавиле во правните лавиринти. Селами Јахиу од село Сопот ја дели судбината на луѓето чиј што број не се знае.

Шаип Велиу е роден во скопско Арачиново. Има извод од матичната книга на родени, лична карта за странци, но не и државјанство. Аплицирал, одбиен е. Причините се уште не ги знае.

Проблемот не е етнички а со не го се соочија сите републки кои излегоа од Југославија. Во 1992 година младата држава го носи првиот закон за државјанство во кој се наведен услов повеќе од 15 години лицето да живее на територијата, период кој во сите останати земји е пократок. Лицата кои немаат државјанство по основ на раздружување на републиките од федерацијата Југославија не се странци по никој основ оти имале државјанство на федерацијата, вели поранешниот амбасадор и политичар, Мухамед Алили

Наместо проблемот да се решева со препораките на обединетите нации ова прашање во последно време се политизира, потенцира Халили.

Предллогот за нов закон на кој инисистираат двете политички партии од блокот на македонските албанци нуди кратење на процедурите, и член со кој тројца сведоци ќе докажат дека лицето е родено или живее долго во земјава што пак е неприфатливо за владеачкото мнозинство. Халили пак нуди разумно решение одноно 3,4 или 5 години период на престој по кој лицето ќе може да аплицира за државјанство како по примерот на повеќето земји во светот. Но за колакв број на лица „фанотми“ станува збор никој засега не знае.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе