Вести Македонија Најважни

Собранието почна постапка за одложување на пописот

Со противење на пратениците од Алијанса-Алтернатива, почна комисискиот претрес на Законот за одложување на пописот. Му претходеше пленарна седница, на чиј дневен ред се најде со 95 гласа за и само 7 против. Одложувањето на пописот, чие теренско спроведување во земјава требаше да почне денеска, е побарано поради пандемијата.

Опозицијата од албанскиот блок посочи дека ова ќе биде прекинување, а не одложување на пописот, бидејќи над 177 илјади државјани од странство, веќе се самопопишаа. Прекинот, според нив, е на штета на албанците.

Матичната комисија за европски прашања е закажана веднаш. Без оглед на бројот на амандманите, може да трае најмногу два дена.

Иако теренските активности за попишување не се почнати, премиерот Зоран Заев уверува дека се почитува законот кој се уште формално не е изменет и дека пописните активности се во тек.

Слична информација објави и Државниот завод за статистика. Појаснуваат дека теренски попис нема, но се прави „проверка на сите организациско-технички активности, за да се обезбеди поголема подготвеност за евентуалниот почеток на теренското попишување“.

За одложување на пописот во земјава се договорија лидерите на двете најголеми партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Вчера премиерот Заев имаше средби со парламентарните партии, заради консензус по ова прашање, но не доби согласност од Алијанса-Алтернатива.

Консензус има за менување на Изборниот законик. Овој закон, предложен од сите пратенички групи, подразбира одложување на локалните избори од првата за втората половина на октомври и објаснување за начинот на кој ќе се спроведува гласањето со отисок од прст.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе