Вести Македонија Топ вести

Март е најцрниот месец од стартот на корона пандемијата во земјава

654 семејства се завиени во црно само во изминатите 31 ден од годинава. Толку жртви на корона вирусот се регистрирани само во март што е 21 процент од вкупно починатите од почетокот на пандемијата кои според Министерството за здравство се 3781 човек.

Тројца од починатите се на возраст од 20 до 29 години, десетмина се во старосната граница меѓу 30 и 39 години, и дваесет на возраст од 40 – 49 години. Најголем број од младите кои ја изгубиле битката со вирусот се во последниве неколку денови.

Само вчера починаа две родилки на 33 и 34 години, од кои мајката од Делчево роди здраво бебе. Новороденчето на починатата од Скопје пак е се уште е на интензивна нега бидејќи е родено 10 недели порано од терминот, во тешка состојба е и на репиратор.

Ако се погледнат статистиките на институтот за јавно здравје во текот на 4 те недели во март има значителни зголемувања на починати. Од 1 до 7 починале 57 на, од 8 до 14 – 129 луѓе, од 15 до 21 158 и од 22 до 28 март се починати 204 ца. Во последните три дена пак вкупно 106 луѓе.

Дел од нив се и вон болнички услови, но најголемиот дел се во ковид центрите. Дел од семејствата на жртвите за телма сведочат дека бавен и тежок е патот додека се стигне до болнички кревет. Според Филипче кризата сепак добро се менаџира.

Последниот бран на коронавирус кој ја зафати Македонија, доведе до зголемен број и на заразени деца кои имаат посериозни здравствени компликации, како и до поголем број на млади пациенти со тешка клиничка слика. Новите мутации на вирусот предизвикуваат се посериозни здравствени проблеми, велат докторите.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Шести Самит на Европската политичка заедница, прв на Западен Балкан – премиерот Мицкоски на настанот во Тирана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе