Македонија официјално станува дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас и гасна централа во Александропули со што се очекува стабилно и континуирано снабдување со овој еколошки енергенс во земјава.
Земјава ќе учествува со 25 проценти во гасната централа која ќе има капацитет од 800 мегавати, а проценетата инвестиција е повеќе од 380 милиони евра.
Во гасниот терминал со должина од 17 километри и капацитет од 5,5 милијарди кубни метри, учеството на земјава е 10 проценти со вредност од околу 370 милиони евра.