Според Ковакс механизмот, Македонија треба да добие 100.800 дози од вакцината Астра Зенека. В недела пристигнува првата доза од 24.000 вакцини. Втората доза од 36.000 вакцини треба да пристигнат до 22-ри арпил дознава Телма, а остатокот од 40.800-тини вакцини ќе дојдат во втората половина од годинава.
Американската администрација во меѓувреме, обезбеди две милијарди долари од планираните четири на агенцијата за вакциници ГАВИ, која е дел од КОВАК системот за рамномерна распределба на вакцините за 92 земји со низок и среден приход.
Владата на САД ќе обезбеди дополнително финансирање до 2022 година и ќе работи со други донатори за да се направат понатамошни ветувања и обврски за да се исполнат критичните потреби на Гави COVAX AMC.