Ковид19 Македонија Топ вести

Млади битолчани во болница со тешка клиничка слика

Се спушта старосната граница на пациентите заболени од Ковид-19 во Битола на кои им е потребно болничко лекување. Се поголем е бројот на млади кои се хоспитализраат со тешка клиничка слика. Како расте бројот на заболени во Битола, се зголемува и притисокот во болницата, па на двете одделенија – Инфективното и за физикална медицина кое е адаптирано во Ковид-центар, денес вкупно има 79 пациенти, речиси сите на кислород.

Старосната граница е спуштена. Веќе некое време имаме хоспитализирани на 28, 30, 32 години што во претходните бранови не беше случај. За жал овој пат пациентите се со потешка клиничка слика и бараат сериозни интервенции. Поголемиот дел од нив се на перманентна кислородна поддршка, а останатите на повремена кислородна поддршка, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Најголем проблем и натаму е недостигот на медицински персонал, ротираат лекари од сите специјалности, специјализантите и медицински сестри од сите одделенија. Ако продолжи ваквиот притисок и зголемениот број на хоспиаталзирани Ковид позитивни пациенти, како што ќе се повлекува кадарот од другите одделенија, можно е тие времено да се затвораат.

За жал поради тие ротации и приливот на пациенти, намален е обемот на работа на некои други одделенија. Доколку се појави потреба одредени одделнија ќе преминат во амбулантско работење, онаму каде што може да покријат другите одделнија. Тоа е проблем што го има насекаде, без оглед што кадарот ротира, навистина  е изморен, вели Гагачовска.

Засега има слободни места во битолската болница, но веќе е спремна и модуларната. Сепак сегашните пациенти поради тешката здравствена сосотојба не можат да се префрелат во овој објект, но тука на располагање се 90 кревети, доколку има потреба од нови хопспитализации. Во Битола за само два дена има над 100 новозаболени. Најголем е бројот е во последните две недели од март, период за кој се регистрирани 450 позитивни битолчани.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе