Од Кинеската амбасада во Скопје за Телма приситгна одговор околу барањето на македонската страна за набавка на вакцини против Ковид – 19.
„Северна Македонија одлучи да набави вакцини од Кина, со што покажа доверба во Кина. Кинеската страна и дава голема важност на македонската потреба за вакцини и ги поддржува релевантните компании да комуницираат со Владата на Северна Македоније околу набавката на вакцини. Кина е подготвена да продолжи да работи заедно со Северна Македонија на вакцините против Ковид-19 и да помага во борбата против пандемијата“, соопштуваат од Кинеската амбасада.
Телма веќе објави дека кинеските вакцини кон Македонија се уште не се тргнати, а предизвикаа и сериозни политички конфронтации со обвинувања за провизија за власта и за опозициско политички бенефит на грб на здравјето на граѓаните.
Италијанскиот медиум „Лаверита“ денеска објави два документи со потпис на министерот Филипче. И двете се писма за намери за набавка на вакцини од Синофарм, едното од 25 декември, второто од 25 јануари.
Но на писмата стои и името на хонкгоншката оф- шор фирма Стабри лимитед, која е претставена како посредник во зделката. Компанијата Стабри е регистрирана на адреса во финансискиот центар на ХонгКонг, но нема дополнителни податоци за нејзиното портфолио. Синофарм интернешионал котира и на берзата во ХонгКонг од каде ги склучува зделките за продажба на своите медицински производи.
Министерот Венко Филипче, објавите во Лаверита ги смета за опозициски обид за дискредтација на вакцинацијата. Вели дека преку фирамата Стабри стигнале до потпишување на договор за вакцини, ама тогаш од кинеското МНР им објасниле дека во регуларниот пат за набавка нема посредници туку директна врска. Филипче тврди дека пред 25-ти декември се обиделе да стапат во контакт со Синофарм, но не успеале па тргнале со посредник.