Свет Топ вести

Превентивно запрена употребата на вакцината Оксфорд-АстраЗенека во Данска и Норвешка

Дел од европските земји ја стопираа употребата на вакцината Оксфорд-АстраЗенека. Данска и Норвешка донесоа вакви одлуки по смртен случај на вакцинирано лице и згручкување на крв кај неколкумина. Од компанијата велат дека ги испочитувале сите строги критериуми. На една година од прогласувањето на пандемија во светот, Бразил со повеќе од 2.000 смртни случаи во еден ден.

Данска и Норвешка привремено ја запреа употребата на вакцината Оксфорд-АстраЗенека како мерка на претпазливост, откако почина едно вакцинирано лице, а неколку луѓе имале згрутчување на крвта.

Агенцијата за лекови на ЕУ истакна дека нема индикации дека тоа го предизвикала вакцината. Во извештајот стои дека бројот на вакви случаи кај вакцинирани лица не е поголем отколку кај општата популација.

Неколку европски земји сега го стопираа процесот на вакцинирање со две дози.

Од АстраЗенека велат дека безбедноста на вакцината е потврдена по сите клинички испитувања.

„Безбедноста на пациентот е најголем приоритет за АстраЗенека“, стои во соопшптението од фармацефстката компанија. „Регулаторите имаат јасни и строги стандарди за ефикасност и безбедност за одобрување на кој било нов лек, а тоа ја вклучува и вакцина Ковид-19 на АстраЗенека“.

Рецензираните податоци потврдија дека лекот е „генерално добро толерирантен“, се додава во соопштението.

И според британскиот регулатор за лекови нема докази дека вакцината предизвикала проблеми, а луѓето сепак треба да одат и да се вакцинираат кога тоа ќе биде побарано од нив. Згрутчување на крвта може да се појави природно и не е невообичаено.

Додека европската кампања за вакцинација се претвори во неуспех, делумно поради доцнењето во испораката на вакцините на АстраЗенека, денеска Европската агенција за лекови ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“ која е единечна доза, а четврта одобрена во ЕУ.

На една година од прогласувањето на пандемија во светот, Бразил бележи црн рекорд. За прв пат надмина 2.000 смртни случаи во еден ден со што земјата го има вториот најголем биланс на жртви во светот, веднаш зад САД. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид во Бразил достигна 270.656. Претседателот Болсонаро, кој претходно  неделава им порача на луѓето да „престанат да лелекаат“, но и одлуките на СЗО да не се прогласува пандемија се цел на напади на политичките елити.

Ние и кажавме на СЗО пред три недели да прогласиме пандемија, за полесно да се справиме со вирусот. Но, тие инсистираа да почекаат. Авион ја напушта Португалија, но Португалија е земја што нема проблем. Но, кој е во авионот? Човек што оди во Шпанија, Италија, Германија, Иран, Доха, Катар. Светот нема граници – Луиз Хенрике Мандета, поранешен бразилски министер за здравство.

Европа минатата недела забележа 1 милион нови случаи со Ковид-19, што е раст од 9% во однос на претходната недела и пресврт со кој заврши шестнеделното опаѓање на бранот нови инфекции.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе