Ковид19 Свет

Вучиќ: Србија од 15 октомври почнува со производство на Синофарм вакцините

„Направивме голем договор вечерва, заедно со ОАЕ и Кина, ќе градиме нова фабрика во Србија за вакцините Синофарм, која ќе ја произведуваме од 15 октомври, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во наредните денови, во рок од две недели, ќе го сториме тоа и јавно и за потпишување. Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за вакцините на Синофарм, кои ќе ги градиме заедно со Емиратите и Кинезите во Србија, а со производство на вакцината ќе започнеме веќе на 15 октомври, објасни Вучиќ во изјавата за РТС.

Тој посочи дека, покрај ходограмот направен со надлежниот руски министер, за производство на руската вакцина Спутни Ве во рамките на институтот Торлак, договорено е фабриката за вакцината Синофарм да се заврши и да започне со производство на 15 октомври.

-Оттогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи она што го научив вечерва е дека ќе мора, барем по буквална цена на чинење, да ја даваме вакцината на регионот, затоа што сè тоа што ние нашите луѓе ги лечиме или дејствуваме превентивно нема да вреди ако има проблем во регионот, објасни Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Избрани првите финалисти на 69. издание на Евровизија 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе