Свет

Папата во историска посета на Ирак

Папата Франциск денеска пристигна во Ирак, што е прва посета на поглаварот на Римокатоличката црква во земјата, но и прва посета во странство од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Од епидемиолошки и безбедносни причини, ова е најризична посета што 84-годишниот поглавар, но тој инсистираше истакнувајќи дека тоа е негова обврска. Папата ќе се обиде да ја смири поделената христијанска заедница и да го зајакне меѓурелигискиот дијалог, во чии рамки ќе се сретне со водачот на шиитските муслимани во Ирак. Папата ќе одржи миса и на стадионот во Ирбил. Во центарот на Багдад се поставени билборди со ликот на Папата, со натпис „Сите сме браќа“.

10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени за неговата безбедност,  а во Багдад веќе во сила е и полициски час поради ширењето на коронавирусот.

Бројот на христијани во Ирак во последните две децении се намали од 1,4 милиони на околу 250.000, што е помалку од еден процент од населението. Во пресрет на посетата на Ирак, папата Франциск рече дека оди во мировен аџилак по повеќе години војна и тероризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе