Американските здравствени власти и формално и дадоа зелено светло на вакцината против коронавирусот на Џонсон и Џонсон, која е трета одобрена за употреба во Соединетите држави, но прва која обезбедува заштита со една доза.
Оваа вакцина се смета за поефтина алтернатива на вакцините на Фајзер и Модерна, меѓу другото и затоа што може да се чува во обични фрижидери наместо замрзнувачи.
Тест период на вакцината која ја произведува белгиската фирма Јансен, утврди дека таа успешно штити од сериозната болест, а кога се бројат луѓето со умерени симптоми, нејзината ефикасност изнесува 66%.
Соединетите американски држави до крајот на јуни нарачаа 100 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон, при што првите дози се очекуваат уште на почетокот од наредната недела.
Обединетото Кралство нарача 30 милиони дози , ЕУ 200. милиони дози , додека 500-тини милиони дози се нарачани и преку програмата Ковакс, за сиромашните земји.
Резултатите од тестирањата спроведени во САД, Јужна Африка и Бразил, покажуваат дека вакцината обезбедува 85 % заштита од сериозна болест, додека меѓу вакцинираните луѓе немало ниту еден смртен случај или пак хоспитализација, 28 дена откако биле имунизирани.