Свет

Маас му порача на Иран да ја прифати дипломатската понуда на Западот

Шефот на германската дипломатија, Хајко Маас, го обвини Техеран за натамошна нетранспарентност, што од Иран се бара согласно  нукеларниот договор од 2015 година.

Маас вчера го повика Иран да го прифати дипломатскиот совет што доаѓа од Западот, со цел да се зачува нуклеарниот договор од 2015 година.

Тој го обвини Техеран за натамошното прикривање на транспарентноста што од Иран се бара согласно договорот од 2015 година, откако Исламската република од вторникот почна да им забранува на меѓународните инспекции да ги посетуваат нуклеарните постројки, пренесуваат американските медиуми.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Иран кон своите залихи додаде уште 17,6 килограми збогатен ураниум од 20 проценти и дека чистотата е надмината за 3,67 проценти согласно претходно утврдениот договор.

На крајот Иран ќе мора да сфати дека е важно да се смират тензиите и да се прифати понудата за дипломатското решение, што е на маса, вклучувајќи го и тоа од САД, рече Маас.

Кршењето на договорот претставува сериозен проблем за американскиот претседател Џо Бајден, кој сака да ја поништи одлуката на неговиот претходник Доналд Трамп од 2018 година за едностраното напуштање на САД  од нуклеарниот договор со Иран. Веднаш потоа, Вашингтон воведе економски санкции против Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неуспешна прва рунда од преговорите за мир во Украина

Дејан Дејан

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе