Вести Свет

Бројот на починати во САД надмина 500.000, СЗО очекува крај на пандемијата во 2022

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД надмина 500.000, соопштија од универзитетот Џонс Хопкинс. Тоа значи дека од коронавирусот животот го загубиле повеќе лица отколку што САД имаа вкупно жртви во Втората светска војна, Корејската војна и војната во Виетнам, посочуваат од универзитетот. САД имаат делеку повеќе починати од вирусот од било која друга земја во светот, а здравствените власти стравуваат дека точниот број на починати е далеку поголем, сомневајќи се дека на почетокот на пандемијата многу случаи не биле правилно регистрирани.

Знаевме дека заразните болести имаат потенцијал да го направат ова, знаевме дека треба да бидеме загрижени за овој вирус, во смисла дека имаше потенцијал да го направи ова. Но никогаш не беше неизбежно. Фактот дека стигнавме до оваа точка е едноставно неуспех на одговорот., вели Џенифер Нузо – Центар за здравствена безбедност на Џонс Хопкинс

Од друга страна Светската здравствена организација смета дека светот уште долго време ќе се бори со вирусот. Регионалниот директор на организацијата за Европа, Ханс Клуге, изјави дека очекува пандемијата да заврши на почетокот на 2022 година. Клуге за данската државна телевизија  изрази уверување дека најлошите сценарија веќе завршија, но и предупреди дека вирусот ќе продолжи да постои.

Вакцините ни нудат начин за брз излез од оваа пандемија, но само ако се осигуриме дека сите земји, независно од нивото на приходи, имаат пристап до нив. Јазот помеѓу државите со високи, средни и ниски примања, е поизразен од било кога. Неправедниот пристап до вакцините може лошо да заврши. Колку подолго вирусот опстојува, толку е поголем ризикот од опасни мутации.“, изјави Ханс Клуге – Регионален директор на СЗО за Европа

Клуге рече дека мутациите нема да го стават вирусот надвор од контрола, но истакна дека земјите чии здравствени системи веќе биле под притисок може да се најдат под уште поголем притисок, принудувајќи ги многу сериозно да ги сфаќаат новите варијанти на вирусот.

Од почетокот на пандемијата минатата година до сега на глобално ниво заболеа вкупно 112 милиони лица, а бројот на починати се приближува до 2,5 милиони.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе