Вакцините кои заедно ги направија Универзитетот Оксфорд и компанијата Астразенека денеска пристигнаа во Србија. Станува збор за количина од 150.000 дози.
Во Србија според најновите податоци на Владата, примени се 1.226.553 дози на вакцина против коронавирусот, а втората доза веќа ја примиле 427.859 граѓани. Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа и прва во регионот, дека на светско ниво е на шестото место.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.