Економија Ковид19

Пандемијата згаснала 18 илјади вработувања

Не само црната листа на заболени и починати, пораснал и списокот на граѓани кои останале без работа. Пандемијата за 11 месеци оставила без работа 18.174 граѓани.  Бројката ќе била и поголема да не биле економските мерките кои се однесуваат на работните места, открива директорот на агенцијата за вработување, Абдуш Демири.

Сега во Maкедонијa активно работа бараат повеќе од 160.000 граѓани. Секојдневно конкурираат на околу 6.000 огласи. Најчесто се нудат најнеплатени работни позиции без стручно образаование.

Демири ги потсети невработените дека заклучно со денес, околу 54.000 лица доцнат со пријавувањето во евиденцијата на невработени. Ги повика сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава, да го сторат тоа во наредните 30 дена, почнувајќи од утре, да дојдат во центрите за да ја регулираат својата обврска а тоа да биде најдоцна до петок 19-ти март.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе