Вести Македонија Топ вести

Хронично болни се уште чекаат повик од „Мој термин“ за прегледот што им го одложи пандемијата!

„Мој термин“ се откочи, но прегледите закажани пред пандемијата останааа заглавени во системот. Безмалку шест месеци по неговото рестартирање, дел од пацинетите  се` уште чекаат на лекарската улуга, што им ја одложи кризата со Ковид. Некои се во исчекување на повик од административците во „Мој термин“, за преглед закажан уште во февруари. Дел од пацинетите реагираат и на пропаднати обиди да добијат нов термин преку матичните, наместо да се надеваат дека некој ќе им обезбеди датум за претходниот.

„За терминот за преглед на Кардиолигија закажан за крајот на април, по велигденските празници, преку порака од „Мој Термин“ бев известена дека се откажува поради пандемијата. Ни ветија дека ќе добиеме нов датум, откакао повторно ќе почне закажување преку ситемот, но јас до ден-денска не добив никаков повик, ниту порака.“

 

„Ми беше откажан терминот за редовна контрола на автоимуна болест, закажан уште во неоември за крајот на мај. Се` уште чекам да ме повикаат на контрола, бидејќи од здравство не`информираа дека тие што имале термини не треба повторно да закажуваат, туку дека лекарите сами ќе ги вметнуваат во листите што ќе ги креираат на почетокот на секој месец. Во меѓувреме имав компликации на болеста, но тешко се доаѓа до нов термин за конртола.“

Од Министерството за здравство овој пат не ветуваат, туку и оттаму очекуваат. Велат, со затворењето на дел од Ковид-центрите притисокот врз одредени клиники е намален, па затоа наскоро на ред би требало ќе дојдат пацинетите со прегледи закажани пред пандемијата.

 „ На оние клиники на кои не се пуштени термини во системот, пациентите се прегледуваат со приоритетен упат, и застој во работата нема. Со оглед на тоа што ковид-центрите на дел од интерните клиники се затворија минатата недела и тоа не е нешто што се планира однапред и зависи од состојбата со ковид, очекуваме во наредните недели сите пациенти со друга симптоматологија да почнат да се повикуваат на претходно закажаните прегледи.“

Ковид-пандемијата откажа околу 128 000 прегледи закажани преку Мој термин. Пацинети останаа без дијагнози, а хриничките болни без редовните контроли. Освен  без претходно закажаниот преглед, кризата со корона-вирусот беше причина и за одложена терапија.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе