Вести Македонија Топ вести

За ланските администратори на „Јавна Соба“ притвор од 30 дена

Триесетдневен притвор за креаторот и администраторот на групата „Јавна Соба“ која беше откриена минатата. Судија на претходна постапка го прифати барањето на Обвинителството кое вчера поднесе обвинение против нив во кое ги товари за за производство и дистрибуција на детска порнографија дело за кое е предвивдена минимална затворска казна од пет години. Станува збор за двајца скопјани на возраст од 32 односно 21 година. Обвинителството успеало да ги најде и да ги документра видео записите објавени во таа група на кои се гледа полово однос со малолетни лица.

„Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете“

Со поднесувањето на обвинението заврши предистрагата на Обвинителството која траеше точно една година. Предистрагата во однос на пријавите на жртвите во минатогодишната група но и на оние кои сега пријавија сеуште трае.

Од МВР засега нема точна информација колку лица пријавиле дека се жртви на предаторите од „Јавна Соба“.

Од Обвинителството и МВР бавната истрага ја правдаат со фактот дека платформата „Телеграм“ одбива да им даде податоци за членовите во групата.

Во моментов повторно има активна група „Јавна Соба“ во која членуваат и лица од Србија и каде се споделуваат слики, инофрмации и видео записи од жртви од македонија и Србија.

Завчера во Скопје се одржа протестен марш во знак на поддрѓка на жртвите на овие предатори но и поради револтот од тоа што никој сеушпте не е зад решетки.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе