Вести Македонија Топ вести

Седмооделенец одбиен за парична награда – натпреварот на кој победил бил за средношколци

13- годишниот штипски Питагора и неговиот наставник по математика се одбиени  од парична награда за освоено прво место на државен  натпревар , затоа што ученикот е  основец, а натпреварот бил за средношколци во прва година. Вакво образложение добило семејството на Дамјан Давков и на неговиот наставник. Решението кое го објави семејството предизвика бура од коментари, а неговата мајка во телефонски разговор за Телма вели дека целта не е е да се добие паричната награда, туку да се укаже на апсурдот и на Законот, на кој се повикува комисијата.

Вчерашниот пост беше реакција на апсурдноста на одлуката. Не станува збор за тоа дали ќе ја добие наградата. Но, доколку Законот вели така (иако мислам дека не), тогаш воопшто нема смисла, па нека си го сменат. Денес сме ние, утре ќе биде за друг ученик. Толку е. П.С. Нема потреба да се пишуваат приказни, вели Никица Давкова мајка на Дамјан во статус на Фејсбук.

Државниот првак по математика има  освоени безброј први места и медали на меѓународни натревари и олимпијади. Станува збор за скоромно, културно и генијално дете, кое пред своите сокласници не  го потенцира својот талент. Неговиот предизвик е да покаже поголемо знаење, бидејќи задачите за негова возраст се премногу лесни. Министерството за образование, пак со став дека  одлуката за одбивање за парична награда е согласно Законот. Најавуваат дека ќе го преиспитат случајот околу постапката.

Несомнено дека се работи за талентиран ученик кој заедно со својот ментор вложиле многу труд за постигнување на успехот на државниот натпревар на кој учествувале. Но, законската регулатива не дозволува тие да го остварат правото за кое аплицирале во МОН. Сепак, во соработка со локалната самоуправа во Штип, ученикот ќе биде поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари и признание за почесен граѓанин на општината, се вели во соопштение од МОН.

Јавноста бара поголема и секојдневна  поддршка на македонски таленти во сферата на науката, каковшто е и случајот со Дамјан, од ресорното министерство најавија дека  ќе продолжат со развивање на нови политики за поддршка на талентираните ученици, нови категории на стипендии, како и покривање на трошоците за учество на меѓународните натпревари и олимпијади.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе