Македонија Топ вести

Пописот се одложува за еден-два месеци?!

Премиерот остава простор за одложување на пописот за еден-два месеци, но инсистира тој да се одржи. Тврди дека ништо драматично нема да се случи, а податоците и се потребни на државата за креирање на економската политика. Оваа промена на ставот доаѓа по изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака, власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира.

Претседателот на Собранието, пак, за МИА вели дека за одложување на пописот е потребна политичка одлука која потоа ќе мора да се преточи во законско решение. Сепак,  прашува на што би се засновал тој предлог и дали има некаква проценка дека во јуни или во јули ќе заврши пандемијата  или состојбата ќе биде поинаква?

Од опозицијата и денеска побараа одложување на пописот за една година или целосно електронски попис.

Мицкоски денеска ја поднесе во ДИК иницијативата за собирање на потписи, со што ја почна правната процедура за укинување на Законот за попис.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе