Околу 70 Македонци , кои имаат државјанство и од Србија, се вакцинирале против ковид 19 на пунктот во Врање.
Зоран Симоновски од Скопје за РТС вели дека не можел да ја прими вакцината во Скопје, затоа што таа се уште не е дојдена во Македонија.
„А бидејќи сум двоен држајанин и на Македонија и на Србија, поднесов барање во Е-управата https://imunizacija.euprava.gov.rs/ за примање вакцини во Србија. Ми излегоа во пресрет и ми испратија дата за примање на вакцината, вели Симоновски.
Од Здравствениот центар во Врање велат дека за странските државјани да се вакцинираат во Србија потребно е да уредно да се пријават преку е-управата, исто како и сите граѓани на Србија, да покажат лична документација, лична карта или патна исправа.
Македонија е меѓу 128-те земји во светот каде до сега не е пристигната ниту една вакцина. Властите во земјава ги најавуваат првите количини и од Фајзер и од кинескиот производител Синофарм за во текот на месецов, но засега нема конкретни информации кога тоа ќе се случи. Последната информација од Министерството за здравство е дека во Македонија преку системот Ковакс ќе пристигне и вакцината на АстраЗенека, а првата количина е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за нашата земја се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.