Македонија Топ вести

Македонија го задржа статусот на хибриден режим

Само 0,12 индексни поени ја делат Македонија од групата „слаби демократии“ во Извештајот на угледниот Економист. Со своите 5,89 поени, рангирана е во групата земји со хибриден режим. Во истото „друштво“ се Бангладеш, Ел Салвадор, Украина, Танзанија, Боливија, Кенија, Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и други. Подобро рангирани се сите наши соседи: Албанија со 6,08, Србија со 6,22, Бугарија 6,71 и Грција со 7,39. Листата за 2020-та година ја предводат демократските земји Норвешка со 9,81 и Исланд со 9,37, а ја завршуваат авторитарните земји Северна Кореја со 1,08 и Конго со 1,13.

„Економист“ дава оценки во неколку категории. Македонија најдобро стои во категоријата „изборни процеси и плурализам“, каде добила индекс 7,42, како и во „граѓански слободи“ со оценка 7,06, а најслаба оценка од 3,13 има за „политичка култура“.

Во ваквите параметри владеачката СДСМ гледа пофалби поради „начинот на кој беа организирани и спроведени изборите, што е значаен успех со оглед на здравствената криза“.

Две години по ред државата бележеше напредок откако претходно 10 години паѓаше, а 2020-та се воочени благи негативни моменти кои се должат на две причини: рестрикции во време на пандемија и поради немање напредок во политичката култура, што главно се должи на лажни вести, политички радикализам, самовластие и неказнивост за кои што има и јавно познати виновници. Свежи се сеќавањата како се однесуваа Наќе Чулев и Христијан Мицкоски.

„Со Владата на Заев, Македонија и официјално е хрибриден режим, најкорумпиран во Европа, возврати ВМРО ДПМНЕ.

Заев ветуваше иднина во Европа, а не може да мрдне од Африка. Ветуваше живот, а стана рекордер по мизерија. Ветуваа правда, останавме заковани во хибриден режим…Според Индексот на демократија, на ранг листата на Економист не сме напреднале, споредено со минатата година. Дијагнозата е мафија, одговорот мора да е народот!

Минатата година, Македонија исто така беше меѓу земјите со хибриден режим, со минимално подобра оценка од 0,08 индексни поени. Најдобра оценка сме имале во 2006-та со средна оценка од 6,33. Оваа недела, Македонија беше лошо рангирана и од Транспаренси интернешнл: според индексот на корупција, падна на 111-тото место, во друштво со Монголија и со Панама.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе