Македонија Топ вести

В петок јавна расправа во Собрание за реформите на МОН

Во петок Концепцијата за реформи во образованието ќе биде на јавна расправа во Собрание. Ова следува по изминати две недели од крајниот рок за поднесување забелешки за реформите. На јавната расправа којa ќе биде на собраниската Комисија за образование поканети се сите кои поднеле забелешки. Меѓу гостите ќе бидат и претставници на високообразовните институции, МАНУ, основните училишта.

Мислам дека на оваа дебата и пред пратениците ќе имаме можност да ја презентираме Концепцијата, гостите ќе имаат можност да ги кажат своите спротиставени или заеднички ставови. Ќе видиме што ќе биде на дебатата и тогаш ќе излеземе во јавност со тоа што конечно е прифатливо, а што не е од забелешките и мислам дека заеднички ќе донесеме став за ова прашање, рече министерката Мила Царовска.

Досега се пристигнати десетици и десетици забелешки во однос на Концепцијата. Само на меил пристигнале 30, а и по изминување на рокот стигнувале уште забелешки и Министерството ги прифаќа и тие за разгледување, уверува министерката. Концепцијата за реформи во образованието меѓудругото предвидува интеграција на предмети, а изминатите месеци имаше многу реакции од кои повеќето негативни. Реагираа од МАНУ, Институтите за национална историја, педагогија, социологија, македонски јазик, ПМФ и Педагошки, а со став излегоа и многу друштва од различни области на интерес. Во меѓувреме, образовните власти периодов се на удар и на Сојузот на средношколци кој не отстапува од барањата за кратење на предметите за полагање матура од четири на два. Во поглед на тоа, ставот на министерството сепак останува непроменет потпирајќи се на постоечкиот Закон за средно образование.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на нарачки во македонските конфекции

Дејан Дејан

Има преговори за измени на Изборен законик и една изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе