Ковид19 Свет Топ вести

СЗО со критики за ЕУ поради контролата на извозот на вакцини

Светската здравствена организација упати критики до ЕУ поради воведувањето на контрола на извозот на вакцини произведени во границите на унијата. СЗО предупредува дека ваквите мерки само ќе ја продолжат пандемијата, а генералниот директор на организацијата веќе некое време ги повикува богатите земји, да ги забават своите програми за вакцинација за да може и посиромашните што побрзо ги добијат првите дози.

Пандемијата ги извади на површина и ги експлоатираше нееднаквостите во нашиот свет. Сега постои реална опасност дека самите алатки кои можат да помогнат во завршувањето на пандемијата, вакцините, да ги влошат овие нееднаквости. Вакцинскиот национализам може да исполнат краткорочни политички цели, но во крајна линија е неопромислено и самоуништувачки, порача Гебрејесус.

Унијата ги воведе мерките по јавните несогласувања со фармацевтските компании поради неиспорачувањето на договорените дози на вакцините во нејзините земји членки. Т.н механизам за транспарентност ги овластува ЕУ членките да не одобрат извоз на вакцина ако компанијата која ја произведува не ги исполнува своите обврски од договорот со унијата, односно не ја испорачала договорената количина вакцини. Причината за воведувањето на ваквата мерка е пред се гневот на Брисел поради нејасното оправдување од АстраЗенека за недоставувањето на договорената количина вакцини, што според компанијата е поради ниската продуктивност на фабриката во Белгија.

Заштитата и безбедноста на нашите граѓани е приоритет и предизвиците со кои сега се соочуваме не ни оставаат друг избор, освен да дејствуваме. Вакцините се клучот за опоравувањето и ставањето под контрола на пандемијата, и испораката на тие вакцини до нашите граѓани е најкритичната задача во моментов, вели потпретседателот на ЕК Валдис Домбровски.

Воведувањето на ваквата мерка го активираше и механизмот од договорот за Брегзит за воведување гранични контроли на границата меѓу двете Ирски. Тоа од своја страна предизвика жестока реакција од Обединетото Кралство, од каде ова го оценија како акт на агресија.

И еве тука ја имаме ЕУ која го активира членот 16 поради вакцина, вакцина која всушност постои за да спасува животи. Ова е неверојатна серија настани, но тоа ми покажува дека нивните зборови за заштита на Северна Ирска и заштита на Договорот од Белфаст, биле само зборови, ништо повеќе, обвинува премиерката на Северна Ирска Арлин ФОстер.

По ваквите реакции Брисел се откажа од воведувањето на ваквите контроли на границата меѓу двете Ирски.

Овие потези на Брисел доаѓаат по се поголемиот притисок кој го вршат земјите членки да ги принуди компаниите Фајзер-Бионтек и АстраЗенека да ја зголемат испораката на вакцините во Европа. Контролата на извоз на вакцините опфаќа 100-ина земји, но има и многу исклучоци, како на пример врз донациите во Ковакс системот, извозот во Швајцарија, Земјите од Западен Балкан, Норвешка, земјите од Северна Африка, како и Либан и Израел. ЕК тврди дека контролите на извозот се само привремени и ќе бидат повлечени кога компаниите ќе ги исполнат своите обврски од договорите.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе