Вести Свет

Гејтс: Вакцините за посиромашните земји ќе доцнат до 8 месеци

Потрагата за вакцини против корона вирусот полека почнува да наликува на војна. Фармацевтските компании кои ја произведоа вакцината најавија и доценење во испораката поради огромниот број на побарувања.

Ова предизвика паника посебно во Европа, која се соочува со брутални реакции од јавноста бидејќи не може да ја спорведе долго најавуваната кампања за вакцинирање во своите земји членки.

Но, посиромашните чекаат да да ги добијат преку ковакс механизмот, кој се уште не профункционирал. За овие држави вакцината во најдобар случај ќе пристигне за шест до осум месеци, е проценката на филантропот и милијардер Бил Гејтс, кој вели дека дистрибуцијата на вакцини преку „Ковакс“ првично ќе биде скромна.

Во интервју за „Ројтерс“, Гејтс вели дека дистрибуцијата на вакцини е исклучително голем проблем кој прави притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови. „Ковакс“ до крајот на годината планира да дистрибуира 2,3 милијарди дози вакцини, од кои 1,8 милијарди дози се бесплатни за сиромашните земји. Надежите се дека првите испораки ќе бидат реализирани во февруари.

Очигледно во моментов има глобална паника за вакцинација и многу држави ги бараат дозите, и правиме се што можеме да забрзаме. Но, историски гледано, од првата доза до дозите на вакцините кои ќе се дистрибуираат во многу многу држави во развој, ќе треба да поминат осум до десет недели, што е неверојатно споредбено со историските временски рокови.

Фармацевттските компании не можат да ги поднесат барањата од развиените земји. По бројни обвинувања производителот на вакцини АстраЗенека демантира дека одбиле да се сретнат со највисоките претставници на ЕУ за да разговара за проблемите со производството на вакцини против коронавирус. Средбата сепак ќе се одржи вечерва во Брисел. Извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сориот возврати на официјалните претставници на ЕУ кои ја критикуваа лабораторијата за снабдување на значително помалку дози од договореното, велејќи дека неговата компанија сигурно не зема вакцини од Европејците за да ги продава на друго место со профит.

Сориот вели дека неговиот тим работи 24-7 за да ги среди проблемите со производството на вакцините. Вели дека доцнат два месеца од она што било планирано, но обвинува дека ЕУ доцна одлучила да потпише договор со компанијата, со што им се ограничило времето за средување на нарачката. Објаснува дека Велика Британија, која е надвор од блокот, го потпишала договорот три месеци пред ЕУ, и затоа сега ја имаат вакцината.

Сориот вели дека планот е да почнат со достава во февруари, а тоа нема да биде мала доза. Станува збор за милиони дози вакцини кои ќе се достават до ЕУ.

Во меѓувреме, Фајзер кој најави доцнење поради обемното производството сепак најде помош.  Францускиот производител на лекови „Санофи“ ќе произведе  125 милиони дози вакцина на својот конкурент. Од белгиската фабрика, Фајзер утринава продолжи со испорака на вакцините.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе