Европската комисија соопшти дека отсега сите компании што произведуваат вакцини против Ковид-19 во ЕУ ќе треба претходно да ја известат Унијата доколку сакаат да доставуваат вакцини во трети земји. Од ова се изземени само хуманитарните испораки.
За еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес, неприфатлива е најавата од Фармацевтската компанија со седиште во Велика Британија „Астразенека“ која минатиот петок ги извести земјите-членки на ЕУ дека има намера да обезбеди значително помалку дози во следните недели отколку што беше договорено и најавено. Се бараат одговори колку дози се произведени досега и на кого биле доставени.
ЕУ го поддржа брзиот развој и производство на неколку вакцини против Ковид-19, со вкупно 2,7 милијарди евра. Ние сакаме јасност во трансакциите и целосна транспарентност во врска со извозот на вакцини од ЕУ. Во иднина сите компании кои произведуваат вакцини против Ковид-19 во ЕУ ќе мора да обезбедат предходна дозвола кога и да сакаат да извезуваат вакцини во трети земји – Стела Киријакидес, комесар за здравство на ЕУ.
И Берлин се залага за ограничување на извозот на вакцини произведени во Европа. Ако оди за Европа, треба да се обезбеди чесна дистрибуција, изјави Германскиот министер за здравство Јенс Шпан. ЕК резервираше 400 милиони дози од вакцината, која веќе се користи во Велика Британија. Се очекува Европската агенција за лекови во петок да ја одобри вакцината на Астра Зенека.
Британскиот министер за вакцини уверува во сериозноста на британските компании и вели дека и Астра Зенека и Фајзер ќе ја острави ветената испорака на вакцини.
Уверен сум дека вакцината на Фајзер ќе биде испорачана. Фајзер се погрижи да ги испорача за нас. Ќе продолжат со тоа. Тие дадоа многу важни соопштенија за правично снабдување на целиот свет, вклучително и Европската унија. И јас сум сигурен дека тие ќе испорачаат за Европската унија и за Велика Британија и за остатокот од светот. Тоа е сериозна компанија, како што е и Астра Зенека, како и Модерна и секако сите вакциниќе бидат испорачани – Надин Захава, британски минисер за вакцини.
СЗО веќе предупреди дека светот ќе се соочи со „катастрофален морален неуспех“ ако богатите земји го имаат монополот на штета на сиромашните земји.
Билјана Ставрова