Апсењето на најголемиот критичар на Путин, Алексеј Навални повторно ги извади илјадиците руси на улиците. Минусните температури не ги спречија да ги одржат протестите закажни во 60 градови. Ја газеа и палеа фотографијата на претседателот Путин, се судрија со полицијата, а на телефоните ја снимаа нивната бруталност додека ги апсеа.
Причината зошто се собраа на нови протести е приведувањето на опозицискиот лидер Навални, кој веднаш по слетувањето од Берлин во Москва беше уапсен. Излегоа и луѓето во малите сибирски градови.
Ја уништија цела Русија. Како да се согласам со тоа? Ја уништија. Нафта – гас, на кого му припаѓа? Зошто мала група на луѓе имаат се во свои раце?
Цените растат, се поскапува. Видете како живеат регионите, а видете во Москва…погледнете како жиеват таму зад Урал. И после дојдете тука да видите како живеат луѓето во селата. На ТВ зборуваат едно, но тука реалноста е друга.
Она што можеби најмногу ги разгневи и обичните Руси е двочасовното видео кое тимот на Навални го објави во вторникот, ден откако на Навални му беше одреден 30-дневен притвор. Истражувачкиот тим на Навални ја прикажува Палатата на Путин – огромен имот на брегот на Црното Море. Градба, за која обвинуваат дека била финансирана од детална шема на корупција од најблиските соработници на Путин.
Без претерување, ова е најтајниот и наобезбедениот објект во Русија. Не е викендичка или резиденција – тоа е цел град, или кралство. Има непробојна ограда, се наоѓа на пристаниште, има обезбедување, цркви, сопствен контролен пункт, зона за нелетање, па дури и гранична контрола. Тоа е посебна држава внатре во Русија, објаснува Навалани во видеото чија лоација на снимање не е позната.
Според проценките, имотот чини 1,3 милијарди американски долари. Од Кремљ ги негираа обвинувањата како неточни. На Навални му е одреден притвор и се соочува со долгогодишна затворска казна бидејќи ја прекршил условната казна, додека лежеше пет месеци во болница во Берлин откако беше отруен со новичок за што тој ги обвини руските власти, а поддршка му даде цела Европа.
На денешните, можеби најмасовни протести за негова поддршка се уапсени над илјада луѓе, меѓу нив блиските соработници и неговта сопруга Јулија Навалнаја.
Алиса Шутиноска