Меѓу извршните одредби што ги потпиша Бајден е останувањето на САД во СЗО. Добрата вест на светската организација ја соопшти главниот медицински советник на претседателот, Ентони Фаучи. Тој порача дека САД ќе ги исполнат своите финансиски обврски кон СЗО и ќе престанат да ги отповикуваат вработените, кои работат со организацијата. Америка се приклучува и во КОВАКС-иницијативата за да се обезбеди рамномерна дистрибуција на вакцината за коронавирусот низ целиот свет.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.