Македонија

Пониски казни за 2 –ца, еден ослободен од гонење, а за тројца доживотен затвор за тероризам побара Фетаи во „Монструм“

Доживотен затвор за Алил Демири, Африм Исмаиловиќ кои се во бегство во Косово, и за Агим Исмаиловиќ кој во судницата во кривичниот суд го слушна барањето на обвинителката Фатиме Фетаи во завршните зборови напишани на 70 страници и 5 часа интерпретација.

Допрецизирајќи го обвинителниот акт на нејзината претходничка Гордана Гешковска, Фетаи помагачите на убиствата кај смилковското езеро Хаки Азири и Фејзи Азири одлучи да ги гони со пониски затворски казни. Докази не обезбедила за петтобвинетиот Сами Љута кој што се ослободува од гонење.

И по безмалку 2 години судски процес, новоназначената обвинителка Фетаи не успеала да прибави докази дека мотивот на убијците бил меѓуетнички тензии. Обвинетите не биле терористи по занимање но извршиле тероризам, се обиде да објасни Фетаи.

8 години, 2 процеси, една пресуда, стотици страни материјални докази, сведоци и вешти лица.

Фетаи со остра критика до одбраната дека неуспешно се обидувала да докаже дека убиствата кај Смилковското езеро се дело на виоски полициски структури.

Обвинителката во завршните зборови се осврна и на „бомбите“ за „Монструм“, со оценка дека тие не откриле некоја нова вистина за случајот ,а ништо како докази предметот не добил и од сведочењата на владините и партиски функционери.

Неекстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ е пасивност на косовските власти, оцени Фетаи со надеж дека тие ќе бидат донесени во земјава.

По денешните заврши зборови на обвинителство, истото треба да го направат и обвинетите и нивните адвокати, за што рочиштето е закажано на 3 февруари.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе